Пред-акцелераторска програма 2016

 

Размислуваш да започнеш ИТ бизнис?

Стекни знаење и дознај кои се алатките потребни да направиш успешен стартап.

 

Од септември, Сеавус Инкубатор започнува со интензивна 8-неделна пред акцелераторска програма, која се состои од  специфични тренинзи на 8 теми и менторство за претприемачи и стартапи кои работат во областа на информационите технологии (апликации, софтверски решенија и услуги).

Програмата е структурирана да обезбеди знаење и бизнис вештини за претприемачите и да им овозможи на стартапите рано лансирање на производ или пристап до финансии.

 

Опис на Пред-акцелераторската програма

 

Учесниците на програмата ќе добијат:
Специјализирана програма дизајнирана за стартапи од областа на ИТ
Осум недели интензивно развивање на идеја или производ и негова валидација
– Тренинг и менторирање од врвни експерти на Seavus
Интернационални ментори од областа на вештачка интелегенција, продажба и консултанство
– Пристап до средства за финансирање на бизнис во рана фаза
Работен простор за тимовите
– Пристап до заедница на претприемачи
Можност за финансирање на  најдобрите стартапи

 

Програмата ќе опфати:
– Стратегија и развој на бизнис модел
– Развој на тим
– Брендинг и маркетинг тактики
– Продажба и техники за рапиден раст (growth hacking)
– Финансии
– Собирање на капитал
– Кодирање и оптимизација на апликации
– Презентирање на идеа (pitching)

На крајот на програмата ќе се одржи Инвестициски ден каде што стартапите ќе можат да ги презентираат своите идеи пред инвеститори и да добијат иницијално финансирање.

 

Индустрии

Предност имаат пријави од претприемачи или стартапи кои развиваат апликации или софтверски решенија во следниве индустрии:
– Интернет на нештата (IoT)
– Финансии и осигурување (FinTech)
– Решенија за намалување на транспортни трошоци
– Апликации за подобрување на здравството (Health apps)
– E-управување (E-governance)
– Недвижнини
– Мобилно плаќање

Добредојдени сте да аплицирате со други предлози од областа на информационите технологии.

 

Аплицирај

Приклучи се на пред-акцелераторската програма, работи напорно и развиј го твојот бизнис.

Краен рок за поднесување на апликации е 10 септември 2016 година.

 

apply_now_button

 

Немаш регистрирана компанија? Добредојдени сте да аплицирате само со вашата идеја.

Бројот на учесници е ограничен. Селекцијата ќе ја направи организаторот врз база на проценка на најиновативните апликации, идеи и потенцијал на тимот.

 

Почеток на програмата и локација

Програмата ќе започне на 16 септември и ќе се одвива во просториите на Сеавус Инкубатор во Скопје, Македонија. [мапа]

 

Цена

БЕСПЛАТНО!
Цената за програмата изнесува 750 евра, но Seavus во целост ќе ги покрие трошоците за учество и ќе биде бесплатна на сите избрани стартапи/претприемачи во програмата.

Сепак, очекуваме сите учесници да бидат присутни за целото времетраење на програмата.

 

Организација

 

Програмата е дизајнирана и имплементирана од Сеавус Инкубатор, и е поддржана од Seavus.

За да прочиташ повеќе за Сеавус Инкубатор, кликни тука.

       IME-e1431509728381

Партнери

 

macedonia_rgb_hr       SZlogo-01     logo-TP     Brainster       solveo     best_skopje_logo_transparent

 

 

Важна напомена: Сеавус Инкубатор го задржува правото да направи промена во Пред-акцелераторската програма 2016, при што ажурирана Пред-акцелераторска програма 2016 ќе биде веднаш објавена. Сеавус Инкубатор има дискреционо право да ги избере учесниците во Пред-акцелераторската програма 2016. Одлуката на Сеавус Инкбатор ќе биде финална и не може да биде предмет на жалби и поплаки.